Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Синоќа сите очи беа насочени кон натпреварот Голден Стејт Вориос – Оклахома Сити Тандер, Кевин Дурент против поранешниот тим.
Поминаа осум години заедно Дурент и Вестбрук, а ова лето Кевин одлучи да се пресели во Голден Стејт. Синоќа за прв пат се најдоа на спротивна страна.
Голден Стејт победи со 26 поени предност, а Кевин Дурент беше најефикасен со 39 поени. Вестбрук го заврши натпреварот со 20 поени и 10 асистенции и 2 блока. Дурент шутираше во втората четвртина, но Вестбрук беше блиску до него и го блокираше спектакуларно.
Внимание привлече и тоа што не се ракуваа пред натпреварот, а Дурент тоа добро го знаеше.