„Нема да лажам, малку ми е жал поради рекордот на Руни“

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед Вејн Руни во вчерашниот гол против Стоук стана најдобар стрелец на Црвените ѓаволи во историјата на клубот.

Руни во судиското продолжение од времето погоди за 1:1, а тоа беше негов 250 гол во дресот на клубот од Олд Трафорд со што го помина досегашниот рекордер Боби Чартлон.

Боби Чартлон беше на стадионот на Стоук и сведочеше на соборувањето на рекордот кој неодамна е поставен, а после натпреварот даде сосема искрена изјава:

„Нема и не можам да лажам. Малку ми е жал што не сум повеќе рекордер. Од друга страна, на Руни честитам од срце и воодушевен сум поради него“, рече Чартлон.

Сер Боби Чартлон, кој на големо зачекори во 80-те години од животот, бидејќи за Манчестер Јунајтед настапуваше од 1956 до 1973 година и за тоа време постигна 249 голови.