Не го ценат доволно, а Зидан е подобар од Пеп и Мурињо!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Зинедин Зидан ги поместува границите со својата екипа во Реал Мадрид.

    Со саботната победа над Спортинг од Хихон, Реал Мадрид ја продолжи серијата на одлични резултати под водство на Зинедин Зидан во Лига Примера.

    Откако на четврти јануари ја презеде екипата од Рафаел Бенитез, Зидан на 33 меча освои неверојатни 86 бодови и со тоа постави нов рекорд во Примера после тој број на мечеви.

    После што освои најмногу бодови во минатата сезона отако го презеде тимот, 53 бода на 20 меча, но недоволно за на крајот да ја стигне Барса, Зидан постави рекорд и после 33 натпревари во низа во шпанското првенство.

    Зидан како тренер на Реал во Примера забележа 27 победи, пет реми и само еден пораз и тоа од Атлетико Мадрид во минатата сезона на Сантијаго Бернабе.

    Интересно, на 33 натпревари во Примера помалку бодови освоија и Пеп Гвардиола и Жозе Мурињо, како и легендарниот тренер на Реал Мадрид Миген Муњоз кој на крајот на педесеттите беше тренер и освои 84 бодови.

    Пеп Гвардиола со Барселона освои 82 бода, а Мурињо 80, а ние двајцата се најуспешни тренери на Барса и Реал во последните години.

    Реал Мадрид во наредниот викенд гостува на Барселоан во големото дерби и на Ноу Камп оди во вистинско расположение.

    Моментално Реал има седум бода повеќе, но Барса може да го намали тоа заостанување вечерва во Сан Себастијан.

    „Ел Класико“ е на програмата во сабота во 16:15 часот.