До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Италијанскиот фудбалер Марио Балотели во ова лето го напушти Ливерпул и својата кариера ја продолжи во дресот на Ница.
Заминувањето на Балотели во Франција беше вистински потег, бидејќи Италијанецот го покажа својот квалитет, Ница после 11 кола се наоѓа на првото место на Лига 1.
Италијанскиот напаѓач дигна доста прашина кога ги напушти Редсите, а после неколку месеци се одлучи повторно да ги „боцне“ навивачите во Англија.
„Против сите тимови со кои сме играле во досегашниот дел од сезоната беше неверојатна атмосферата. Навивачите во Франција досега се најлуди кои што сум ги видел. Во Англија се добри, но го немаат во себе тоа нешто лудо, додека бев во Ливерпул имав чувство како да сум во театар, а сега е тоа како да сум во гладијаторска арена“, рече Балотели.
Се чини дека на италијанскиот напаѓач тешко му падна што навивачите на Ливерпул го славеа неговото заминување па сега ја користи секоја шанса за некако да ги навреди.















