Нил не може сам – Пораз на Кожув од Башкими


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Кошаркарите на Башкими славеа во петото коло од БИБЛ лигата на гости против Кожув со 69:66.

    Гевгеличани одлично го започнаа натпреварот, но до крајот на првата четвртина кошаркарите на Башкими направија пресврт и славеа со 22:16. Гостите успеаа во втората четвртина да намалат до три поени негатива, 39:36. Со неколку коша во серија кошаркарите на Башкими заминаа со предност од пет поени на полувреме, 41:36. Кошаркарите на Кожув се разиграа во третата четвртина и неколку пати стигнаа до израмнување на резултатот. Мијовиќ погоди за два поени на 44 секунди пред крајот на третата четвртина за водство од 52:54 на Кожув. Во последниот дел од натпреварот се менуваа водствата на двата клуба. Минута пред крајот на натпреварот Башкими имаше водство од два поени предност од 67:65. Матијашевиќ погоди едно од двете слободни фрлања и ја намали предноста на Башкими на еден кош, 67:66. Со двете погодени слободни фрлања на Палм заврши натпреварот, 69:66.

     

    Палм со 27 поени го предводеше Башкими до прва победа оваа сезона во БИБЛ. Џонсон додаде 21. Нил беше најефикасен во Кожув со 22 поени. Двоцифрен натпреварот го заврши и Мијовиќ кој постигна 11 поени.

    Кожув во следното коло игра против бугарски Берое на гости.