До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Според последните информации, репрезентативецот на Франција се повреди на тренингот на репрезентацијата и нема да игра против Шведска.
„Триколорите“ ги очекува дуел во рамките на квалификациите за СП во Русија, против Шведска, а Дешан нема да може да смета на стоперот на Барселона Самуел Умтити.
Поранешниот играч на Лион доживеа повреда на тренингот, исклучен е од протокот за претстојниот дуел, но сеуште не е утврдено колку е повредата сериозна.
Не е исклучена можноста за Умтити да заигра против Брегот на Слоновата Коска во пријателскиот дуел, но можеби би било најдобро да се врати во Каталонија со цел да се ризикува за сериозна повреда и така да предизвикува голоми проблеми за стратегот на Блауграната Луис Енрике.
Да потсетиме, на листата на повредени во редовите на Барселона се дефанзивците Пике, Матје и Алеиш Видал, а до неодамна надвор од тимот беше Жорди Алба.















