Новото засилување на Карпош Соколи е Рајан Ричардс


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Британецот, Рајан Ричардс е нов кошаркар на вториот македонски претставник во АБА лигата.

    Крилниот центар во Карпош Соколи стигна после неколку дневен престој во кампот на Сан Антонио Спарс. Беше драфтуван во 2010-та година, но повредата на рамото го спречи да заигра во НБА. Бахреинскиот Ал Ахли е неговиот последен клуб, а досега во кариерата има променето многу клубови.

    Новиот член на соколите има играно за Гран Канарија, Монтеј, Лугано, Ал Наср, Икародс, Корменд, Азад Техеран, Шардари Горган, Сагесе, Гуанкси Ринос и Цептер Виена. Ричардс беше доведен како замена за отпуштениот Ламонт Мек.

    Британскиот кошаркар ќе дебитира во недела на македонското дерби во АБА лигата против МЗТ Скопје.