Новото правило на УЕФА им оди во прилог: Реал и Јуве спремаат спектакуларна трампа


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како што е познато Јувентус е силно заинтересиран за левиот бек на „кралевите“ Марсело и ова лето имаше неуспешен обид да го донесе во своите редови.

Марсело остана на „Сантиаго Бернабеу“, но не е во добри односи со новиот менаџер Лопетеги, кој на мечот против Џирона му покажа дека не е незаменлив.

Бразилецот сериозно размислува да го напушти Реал Мадрид и да му се придружи на својот пријател Роналдо во Јувентус, а „кралевите“ веќе ја почнаа потрагата по негова замена.

Италијанските медиуми тврдат дека Јувентус е подготвен да го испрати Алекс Сандро на „Сантијаго Бернабеу“ за да го обезбеди Марсело во јануарскиот преоден рок.

Оваа трампа станува уште пореална ако се знае фактот дека според новото правило во Лигата на шампиони еден играч може да игра за два различни клуба во случај на трансфер.