До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Тимоти Фосу – Менса потпиша нов договор со Манчестер Јунајтед.
Ова 18-годишно момче стигна во Јунајтед во 2014 година, а во минатата сезона го забележа и својот прв настап во сениорскиот тим кај Луј Ван Гал, а до крајот на сезоната запиша 12 настапи.
„Пресреќен сум што потпишав нов договор со Манчестер Јунајтед. Секоја минута уживав овде, сакам да продолжам да се развивам, поради тоа што чувстувам дека тоа го правев досега“, рече Фосу – Меса.
Мурињо го пофали, истакна дека е презадоволен од начинот на кој напредува.
„Тој е момче со голем потенцијал. Среќен сум бидејќо потпиша нов договор, тој ќе учи секој ден се повеќе и повеќе, а ќе добива и шанса како сезоната ќе одминува“, рече тој.
Инаку, договорот е потпишан до 2020 година со опција за продолжува на уште година дена.















