Нов скандал: Играчот на Јунајтед ја изневерил својата сопруга со медицинска сестра


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Англиските медиуми отрија голема љубовна афера на фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Антонио Валенсија.

    Еквадорецот, кој е во брак, по поразот во градското дерби од Сити од стадионот директно заминал во хотелот каде што го чекала медицинската сестра, Софи Вегсетер.

    24-годишната Софи ја запознал преку Инстаграм, очигледно му се допаднала на прв поглед и решил да крене во „акција“.

    По тоа, авантурата продолжила во хотелската соба, што не побегна од англиските медиуми.

    „The Sun“ ја откри аферата, а медицинската сестра е фатена како во утринските часови влегува во хотелот, каде што заминала на „Олд Трафорд“ да го гледа натпреварот, па се вратила да го почека Валенсија. Веројатно на Еквадорецот му била добредојдена како утеха по поразот.

    Три дена подоцна, таа се одјавила од хотелот, а Валенсија го напуштил хотелот истата вечер кога и пристигнал.

    Сигурно дека ова нема добро да влијае врз формата на Јунајтед, а Антонио е еден од омилените играчи на Мурињо.