Обложувалниците упорни, Меси заминува, ова се можните дестинации!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Барселона демантираше дека Аргентинецот ќе го напушти клубот во 2018 година, но јасно е дека одби договор. Што велат обложувалниците?

    Во Барселона веруваат дека Меси позитивно ќе одговори на предлог договорот и дека летното одбивање е само барање на одмор.

    Од друга страна, обложувалниците инсистираат на тоа дека постои сосема солидна шанса да замине од Барселона, а коефициентите за тоа веќе излегоа после вестите дека одби договор.

    Имено, прв фаворит е Манчестер Сити, со коефициент 5, се претпоставува дека тие се економски моќни го имаат и Гвардиола како гаранција за Лео.

    Позади Граѓаните се Челси, Меси е опсесија на Роман, како и ПСЖ со коефициент 7. Неговиот татко преговараше со Парижаните, но тие се свртија кон Нејмар.

    Останатите клубови имаат значајно помалку шанси, Манчестер Јунајтед и Баерн се на коефициент 15, но тоа е единствено бидејќи имаат економска моќ да го платат целиот трансфер, но доаѓањето на Меси е малку веројатно.

    Италијанците се без шанси, ниту имаат пари, некој може да замисли таков расплет. Јувентус е петти на листата на понуди, коефициент 21, додека Интер и Мила на 34.

    Сепак, нема коефициент за останување во Барселона, таа би била јасно помала, што сепак покажува дека тој трансфер кој би бил најголем во историјата сепак е многу далеку…