Објавени кандидатите за наградите во НБА

Објавени се имињата на кандидатите за награди во неколку категории кои ќе ги додели НБА.

Избрани се по три кандидати во секоја од следните категории: МВП на годината, руки на годината, дефанзивен играч на годината, шести играч на годината, играч кој најмногу напредува и тренер на годината.

Играчи кој најмногу напредувал: Јанис Антетокумпо – Милвоки, Никола Јокиќ – Денвер и Руди Гобер – Јута

Шести играч на годината: Андре Игудала – Голден Стејт, Ерик Гордон – Хјустон, Лу Вилијамс – Хјустон

Дефанзивен играч на годината: Дрејмонд Грин – Голден Стејт, Каваи Ленар – Сан Антонио, Руди Гобер – Јута

Руки на годината: Малколм Брогдон – Милвоки, Дарио Шариќ – Филаделфија, Џоел Ембид – Филаделфија

Тренер на годината: Мајк Ди Ентони – Хјустон, Грег Попович – Сан Антонио, Ерик Сполстра – Мајами

МВП на годината: Расел Вестбрук – Оклахома, Џејмс Харден – Хјустон, Каваи Ленар – Сан Антонио

Церемонијата ќе одржи на 26-ти јуни, а еден од водителите ќе биде и познатиот Дрејк.