Ова доволно говори колку голот на Жиру значи на Венгер!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Манчестер Јунајтед беше подобар ривал во дербито од Премиер лигата против Арсенал, францускиот напаѓач со голот при крајот на мечот донесе бод на гостите од Лондон.

    Жозе Мурињо е фрустриран. Неговата екипа доминираше во текот на поголем дел од дуелот на Олд Трафорд, но гостите на крајот заминаа задоволни, бидејќи Жиру го поништи во 89 минута и така донесе бод на Топџиите.

    Сепак, нешто позитивно е што Португалецот може да се осврне дека уште не знае за пораз во дуелите со Арсен Венгер.

    Ова беше негов 12 дуел со францускиот стратег во ПЛ, воедно и шесто реми, додека во преостанатите шест „Посебниот“ славеше.

    Интересно е дека играчите на Арсенал не постигнаа гол против екипа на Мурињо уште од 2007 година се до денеска.

    Пред девет години Жилберто Силва постигна гол против Челси на Мурињо, после девет години пост, на Жиру истото појде за рака.