До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Медиумите тврдат дека падна договор…
Џејмс Родригез чека понуда, но самиот ќе мора да се избори за условите.
Имено, англиските медиуми пишуваат дека Колумбиецот има ветување од Жозе Мурињо дека ќе го доведе во Јунајтед, но мора да се избори за намалување на барањата на Реал.
Имено, Перез го плати 80 милиони евра, сега ќе го пуштат за 60 милиони, но и тоа е премногу, со оглед дека цената му падна бидејќи не игра.
Колумбиецот го одби Интер, имено, се зборува дека корпорацијата Сунинг сакала да гп купи од Реал, но дека Јужноамериканецот не сака во Серија А. Тој гледа кон Премиер лигата, но и Кинезите кои го држат Интер најавија дека повторно ќе пробаат, резервистата тешко ќе го промени мислењето.
Но, колку Јунајтед ќе плати?
Па сигурно не повеќе од 40 милиони, што делува дека овој трансфер е речиси невозможен. Имено. Реал ќе загуби половина од парите, па многумина веруваат дека Родригез ќе остане. Сепак, неговото барање за нов договор во Реал со што ќе покажеше клубот дека смета на него е одбиен.
Тој во овој момент е далеку од стандардниот состав, пред него се и Асенсио, но и Иско кој често добива шанса, па тешко е да се верува дека најдобриот стрелец на минатото СП може да смета на повеќе минутажа во вториот дел од сезоната.















