Ова е најдобриот состав во досегашниот дел од сезоната! Никогаш нема да погодите од кој клуб има најмногу фудбалери


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Дојде времето за првите резултати.

    Во петте најсилни лиги одиграни се по најмалку 10 натпревари па може да се зборува за првите успеси на клубовите. Со помош на оценките на фудбалскиот портал Squawka беше составен најдобриот состав од петте најсилни европски лиги.

    Фудбалерите на Ница доминираат во него, најверојатно и најголемото изненадување оваа есен. Најдобар голман е Јоан Кардинале, во составот се и капитенот Пол Бајсе и фудбалерот за врска Вилан Киприен.

    Освен Ница повеќе од еден фудбалер има Арсенал и тоа Лорен Кошчиелни и Алексис Санчез, а најмногу фудбалери доаѓаат од ПЛ. Тука се уште Филипе Кутињо, Дени Блинд и Еден Азар.

    Боите на Примера ги брани само Лионел Меси, а во нападот е тандемот од Серија А, Един Џеко и Хозе Каљехон.