Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фудбалерот на Челси, Сеск Фабрегас започна преговори со Милан за трансфер во јануари, пренесува „Tuttomercato“.
Како што наведува весникот, лидерите на Милан отпатувале во Лондон со желба да постигнат договор за трансфер на шпанскиот играч, кој оваа сезона нема голема минутажа во Челси.
Фабрегас се повеќе е на клупата на Челси, бидејќи менаџерот Антонио Конте предност во средниот ред им дава на Немања Матиќ и новото засилување, Н`Голо Канте.
Шпанецот во Премиер лгиата оваа сезона одигра само три натпревари и речиси сигурно е неговото заминување од Челси во следниот трансфер период, а Милан веќе подолго време е заинтересиран за неговите услуги.
Менаџерот на Милан, Монтела вчера изјави дека не му е потребен Фабрегас, а очигледно е дека тој сака вниманието на преговорите да ги фокусира на друга страна.