Одличниот Холанѓанец бега од “Олд Трафорд: Спас пронајде во Италија, но не во Милан


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Мемфис Депај стигна како големо засилување на Олд Трафорд, а по доаѓањето на Жозе Мурињо падна дури во втор план.

    Холанѓанецот е незадоволен, иако е Јунајтед клубот за кој навива. Се очекува веќе во јануари и дефинитивно да ги напушти Црвените ѓаволи.

    Во игра за негово доведување беа Милан и Волфсбург, а сега стигна неочекувана конкуренција.

    Рома силно сака да го доведе 22-годишниот, за кој веруваат дека може да заблеска на Олимпико.

    „Калчомеркато“ тврди дека Волчицата сериозно е заинтересирана за Депај и дека ќе пробаат да го доведат на позајмица во јануари, а на лето, доколку задоволи, ќе потпишат договор со него.

    Да потсетиме, Депај во 2015 година стигна во Манчестер, а досега одигра 32 меча и постигна само два погодоци.