Одлични вести за Тотенхем: Нивниот најдобар играч се врати на терените


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн успешно се опоравува од повредата на глуждот која ја заработи во текот на минатиот месец на натпреварот против Сандерленд.

    Кејн тогаш беше стрелец на единствениот гол во победата на Тотенхем (1:0), но пред самиот крај на натпреварот се повреди и поради тоа ги пропушти последните неколку натпревари за својот клуб и репрезентацијата на Англија.

    Опорувавувањето на Кејн оди добро, а одличниот напаѓач вчера го одработи и првиот тренинг.

    Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино изјави дека Кејн започнал со трчање, и дека многу му е мило што повторно го гледа на зелениот терен.

    Хари Кејн оваа сезона псотигна само два гола во Премиер лигата.