До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Попладнево во салата на Фенербахче во Истанбул беше извршена ждрепката за составите на групите за Евробаскетот во 2017 година кој ќе се игра во периодот од 31 август до 17 септември следната година.
Европскиот шампион Литванија одбраната на трофејот на Евробаскетот во 2017 кој повторно ќе се игра во четири држави ќе ја започне во Групата Б чии домаќин ќе биде Тел Авив , против против селекциите на домаќинот Израел и националнте тимови на Италија, Грузија, Германија и Украина
Во Хелсинки во Групата А покрај домаќинот Финска ќе играат и селекциите на Исланд, Франција, Грција, Словенија и Полска.
На ждрепката во Истанбул беше одредено во Групата Ц во Клуж Романија, да се најдат балканските ривали Хрватска и Црна Гора, домашната Романија и репрезентациите на Унгарија и Чешка.
репрезентациите на Израел, Литванија, Италија, Грузија, Германија и Украина.
Во Д групата во Истанбул за место во следната фаза ќе се натпреваруваат националните тимови на домаќинот Турција, Русија, Србија, Летонија, Белгија и Велика Британија.
Во салата на „Синан Ердем “ во Истанбул каде попладнево беа извлечени составите на групите за Еврошампионатот ќе се игра и големото финале на Евробаскетот 2017.















