Одредени датумот и времето за Ел Класико


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Мадриѓани ќе имаат еден ден повеќе одмор пред Ел Класико на Сантијаго Бернабе.

Реал Мадрид ќе ја пречека Барселона во недела на 23-ти април, а почетокот на Ел Класико е закажан за 20:45.

По многумина ова ќе биде натпреварот за титула, а мадриѓани моментално имаат два бода повеќе и натпревар помалку.

Ако не се сопне некој од двата клуба во следните три натпревари во Ла Лига, тимот на Зинедин Зидан ако победи ќе има пет бода предност и ќе ја бетонира шампионската титула. Од друга страна ако Барселона победи, Реал Мадрид ќе биде под голем притисок бидејќи ќе има еден натпревар помалку.