Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид и Барселона денес ќе одиграат натпревар во рамките на полуфиналето на шпанскиот куп.
Тој ќе биде прв од вкупно три натпревари кои овие две екипи ќе ги одиграат во краток период. Од тие три натпревари два се во рамките на шпанскиот куп, првиот се игра на Ноу Камп додека реваншот ќе се одигра на 27 февруари на Сантиаго Бернабеу.
Реал Мадрид не е задоволен со одредените термини за натпреварите, па се подготвуваат да упатат жалба до раководството на лигата.
Раководството на Примера одлучи Барселона да игра против Севилја на 23 февруари во 16.15, додека Реал својот натпревар ќе го игра подоцна во 20.45 часот.
Реваншот на Купот ќе биде на 27ми февруари, па од Реал сметаат дека Барселона има одредени привилегии бидејќи до другиот натпревари во купот има повеќе време за одмор, точно 28 и пол часа повеќе.
Реал смета дека двата клубови треба да имаат ист термин и дека двата клубови треба да играат во ист ден па така ќе бараат натпреварот со Леванте да се премести во сабота.