Она кога ќе те уништи отпишаниот голман (ВИДЕО)

    Во Рим го паметат по т.н „глупи“ погодоци кои ги примаше, но вчера беше несовладлив.

    Кога закрепна, Рома повторно разочара. Наместо да продолжи да му дише во врат на Јувентус и го искористи распоредот кој се отвори, римската волчица не успеа да ја продолжи серијата на победи против Емполи.

    Рома имаше одлична ситуација, противник кој е претпоследен и кој во воведните 10 кола не постигна погодок на девет натпревари. Ниту Емполи не постигна погодок ниту Рома.

    Заслугите за 0:0 најмногу му одат на Лукаш Скорупски, голманот на Емполи кој одбрани девет пати. Само во првите пет минути му фати зицери на Салах и Џеко, а во судиското продолжение два пати го запре Стефан Ел Шарави.

    Оние кои што го следат италијанското првенство добро им е познато името Скорупски, а уште повеќе дека се работи за голман на Рома кој е на позајмица во Емполи втора сезона по ред. Пољакот на Олимпико стигна во 2013-та година, не остави добар впечаток па Рома го прати на позајмица.

    Се памети натпреварот во ЛЕ против Фиорентина која сред Рим славеше со 0:3, а Скорупски му овозможи на Алонсо, сегашниот фудбалер на Челси со се топка да влезе во неговата мрежа.

    Но, вчера на стадионот Карло Кастељани некој друг Скорупски на очај на фудбалерите и навивачите на Рома.