Оскар вишок во Челси, друг италијански гигант сака да го совлада Јувентус во трката за трансфер


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    На Интер никако не оди во оваа сезона и делува дека кинеските инвеститори тешко дека овој паднат гигант ќе го вратат во врвот на европскиот фудбал.

    Многу вложени пари во предходните преодни рокови, а тимот и понатака има само еден предводик а тоа е Мауро Икарди кој наскоро може да го напушти клубот бидејќи и тој е разочаран бидејќи тимот е на средината на табелата и на дното од Серија А.

    Нов во низата на имиња кој се поврзува за Меаца е играчот на Челси Оскар кој нема место во составот на Конте на Стенфорд Бриџ.

    Италијанскиот стручнак пронајде „добитна комбинација“ и Оскар едноставно не е дел од неговите замисли.

    Поради тоа Бразилецот се одлучи да ја промени средината, а италијанските медими пренесуваат дека Интер е спремен да понуди 40 милиони евра, колку што е желба на управата на лондонскиот клуб.