Откриена правата вистина околу Гигс и Свонси: Велшанецот си ја отвори душата


    Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


    Легендарниот велшки фудбалер, Рајан Гигс откри зошто не ја превзеде клупата на Свонси.

    Гигс по напуштањето на Манчестер Јунајтед се поврзуваше со неколку клубови, а не е тајна дека постоеле контакти со Свонси со чии лидери разговарал неколку пати.

    „Уживав во животот надвор од фудбалот, многу патував и малку се занимавав со коментирање, а потоа ме повикаа од Свонси“, изјави Гигс.

    Неколку пати се сретнав со луѓето од клубот, но на крајот залучив дека нивните амбиции не се совпаѓаат со моите“, додаде Гигс.

    Во Свонси на крајот за нов тренер го именуваа Боб Бредли.