ОФИЦИЈАЛНО: Баерн Минхен има нов спортски директор


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Баерн Минхен е еден од тимовите кои силно ја негуваат традицијата на клубот и многу често ги пополнува местата во раководството со поранешни играчи и клупски легенди. Случајот не беше поинаков ниту сега.

 

Нов спортски директор на шампионот на Германија е Хасан Салихамиџиќ, кој како играч го носеше дресот на Баерн Минхен цели 9 сезони, од 1998 до 2007 година. Репрезентативецот на БиХ во тој период оствари 234 настапи за тимот од Минхен и беше дел од генерацијата која ја освои Лигата на Шампионите во 2001 година.

Главната задача на Салихамиџиќ ќе биде да ги донесе вистинските играчи во Баерн Минхен за тимот од Германија повторно да се врати на врвот на европскиот фудбал.

Хасан Салихамиџиќ кариерата ја заврши во Волфсбург во 2012 година и оттогаш работеше како стручен коментатор на телевизиската мрежа Sky Deutschland.