ОФИЦИЈАЛНО: Во игра беа три клуба, но Хејворд го одбра Бостон !


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


 

 

Четврти јули е денот кога слободните агенти во НБА, ги носат најважните одлуки во своите кариери, на овој ист ден во 2015 Алдриџ го избра Сан Анонио, минатата година на истиот ден, Дурент Кевин, замина во Голден Стејт, оваа година пак Гордон Хејворд му се приклучи на тимот на Бостон Селтикс.

Бостон Селтикс ја доби својата долго посакувана суперѕвезда во одличниот шутер, Хејворд, кој му се приклучува на својот поранешен тренер Бред Стивенс кој некогаш го водеше во Универзитетската кошарка, а деталите во договорот се следните: Четири години во Селтикси и 127 милиони на банковната сметка на Гордон.

„Оваа не е лесна одлука, овде во Јута дојдов како младо момче, го оставив моето семејство, а погледнете ме сега и јас самиот имам семејство, жена и деца, оваа е навистина тешка одлука, неизмерно благодарам до фановите на Јута, до сите тренери со кои работев овие седум години и посебно им благодарам на моите соиграчи кои секогаш беа тука за мене“ – Изјави Гордон Хејворд за „The Players Tribune“.