Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во последните денови од трансфер-периодот се активираше и тимот на Тотенхем, кој по заминувањето на Вимер ја пополни дупката во ротацијата на тимот. Денеска во составот пристигна 19-годишниот Хуан Фојт.
Аргентинскиот стопер пристигна од Естудијантес за 8 милиони фунти и потпиша петгодишен договор со лондонскиот тим. Тој игра на позицијата стопер и во новата сезона ќе се бори во ротацијата за стартно место со Тоби Алдервајрелд, Јан Вертонген и Дависон Санчез.
Тотенхем во текот на утрешниот ден се очекува да го потпише и Серж Ауриер, десниот бек од ПСЖ, со што ќе го затворат овој трансфер-период.