Официјално: Де Бур доби отказ во Интер


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Холандскиот стручнак Франк Де Бур повеќе не е тренер на Интер.

    Тоа што синоќа се најавуваше ја доби својата официјална потврда, а на официјалната страна на Де Бур се заблагодарија на коректната соработка.

    Истотака, се наведува и тоа дека како привремено решение на клупата на Интер ќе седне Стефано Веки, кој моментално е тренер на младиот тим на Интер.

    Франк Де Бур на клупата на Интер помина само 85 дена, а резултатите на овој клуб се под сите очекувања и единствена причина поради што додје до завршување на соработката.

    Интер после 11 кола се наоѓа дури на 12 место со 14 бодови, а еден од главните кандидати за доаѓање на клупата на миланскиот клуб е Стефано Пиоли.