До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Италијанскиот стручнак Антонио Конте има намера да го засили играчкиот кадар на Челси во јануарскиот преоден рок.
Тимот од Стенфорд Бриџ стадионот веќе долго време го следи и пробува да го ангажира аргентинскиот играч за врска Хавиер Пасторе, но ПСЖ засега оддолева на понудата на Сините.
Сепак, со доаѓањето на Антонио Конте работите може да се променат бидејќи Италијанецот е многу заиинтересиран за доведување на Пасторе и ќе направи се со цел тој трансфер да се реализира.
Наводно Челси веќе спреми понуда која ќе ја испрати на адреса на ПСЖ во јануарскиот преоден рок.















