Пелегрини добил понуда од Европа, но многу посиромашна од онаа на кинескиот клуб

    Мануел Пелегрини добил понуда да го превземе Бетис, меѓутоа тешко дека би можело да дојде до тоа.

    Имено, Пелегрини во моментов е менаџер на клуб од кинеската лига, каде што има висок приход, кој Бетис сигурно не ќе може да му го понуди.

    Како што е наведено, шпанскиот клуб на Пелегрини е подготвен да му понуди 700,000 евра годишно, што е многу помалку од сегашните 4 милиони евра кој ги заработува во Кина.

    Мануел Пелегрини во својата богата менаџерска кариера ги водеше Реал Мадрид, Малага, Виљареал…