Пелистер го претстави Начи Шенсои


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Фудбалскиот клуб Пелистер денес го претстави новиот тренер и новото раководство.

    Нов претседател на клубот е Цветан Панделески, а за нов тренер беше поставен косовскиот тренер, Начи Шенсои.

    „Не сум тука да инвестирам во себе, тоа не ми е потребно. Сакам да го направам обратното. Тука сум да успееме и да докажам дека довербата која што ми е дадена не е залудна. Цврсто верувам дека ќе успееме и сакам да ве уверам дека ќе изградиме една цврста врска со играчите и армијата на навивачи. Мислам дека ќе направиме едно големо „ние“, бидејќи никој не може да успее сам. Само ако успееме да се пласираме во Европа, тоа ќе биде успех за мене, се освен тоа ќе го сметам за лош резултат. Тоа ќе биде презивик, но свесен сум за тоа и подготвен за новиот мој ангажман. Ги повикувам навивачите да бидат малку трпеливи, а јас како тренер доколку успеам барем еден навивач повеќе да привлечам на трибините, ќе бидам успешен. Сакам да играме добар, офанзивен фудбал, а тоа ќе го покажеме на теренот уште во наредниот натпревар. Сакам да стартуваме со триумф уште во првиот натпревар во недела против Победа“, изјави Начи Шенсои, тренер на Пелистер.

    Наум Љамчевски, досегашниот тренер на зелено-белите сега има нова функција, координатор на младинската школа.

    „Досегашниот ангажман на спонзорите покажува дека Пелистер повторно ќе се врати на оние патеки во младинскиот фудбал каде што бил во минатото, на првите места на табелите. Секогаш Пелистер играл во завршните натпревари во Купот. Се дава една голема гаранција дека Пелистер со вложување во новата инфраструктура, како што е најавено, Пелистер повторно ќе даде нови репрезентативци, како што сме имале во минатото. Секогаш нашата репрезентација била со 5-6 играчи од нашето поднебје. Со макотрпна работа, ценам дека Пелистер има потенцијал да се врати на тие патеки“, изјави Наум Љамчевски.