До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Каталонецот го обнови интересот за стоперот на Јувентус, овој пат е спремен да ги помести границите.
Пеп во летото нудеше десет милиони помалку, а сега е спремен да ја зголеми понудата за 29-годишниот стопер.
Како што пренесуваат англиските медиуми, Пеп Гвардиола е сериозен во намерата на Итихад да го доведе Ленардо Бонучи и спремен е да понуди дури 50 миолиони фунти, околу 58 милиони евра за негов трансфер.
Капитенот Винсент Компани доживеа нова повреда, на првиот меч по враќањето на тререн, и изгледа дека тешко ќе успее да се врати во старата форма.
Тоа го натера каталонскиот стручнак за повторно да побара од управата да му го доведат одличниот дефанзивец на Јувентус кој и во летото му беше голема желба.
Бонучи сепак во летото се одлучи да го продолжи договорот со Старата дама, но Пеп повторно ќе проба да го убеди да му се придружи.
Јувентус тешко дека ќе се откаже од својот организатор на играта од последната линија, поготово среде сезона, во јануарскиот преоден рок.
Во овој момент, Гвардиола на располагање има само двајца стопери Отаменди и Стонс, поради што и Коларов често го игра на позиција централен бек.
Значи, Сити е најлошп на тоа место, а тоа најавува интересен зимски преоден рок.















