Пеп се плаши од „убиецот„ Фалкао!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сити се среќава со Монако во вторник во рамките на 1/8 финалето од ЛШ, а Гвардиола пред натпреварот особено издвојува едно име.

Монако игра феноменално оваа сезона и досега имат постигнато 76 погодоци, дури 26 повеќе од ПСЖ.

Првиот стрелец на Монако е Радамел Фалкао со 16 голови, и токму тој е играчот од кој Пеп Гвардиола најмногу се плаши.

„Во Атлетико беше најдобар напаѓач во светот но потоа се повреди. Му беше потребно време да се врати во својата препознатлива форма, но сега пак е тој стариот. Монако е идеален тим за него. Фалкао е убиец и мило ми е што повторно се врати“ – изјави Пеп