Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Откако Солари ја превзема клупата на Кралскиот клуб, ситуацијата за Иско тотално се промени. Капката која ја прелија чашата беше минатата недела на мечот од ЛШ, кога на половина час пред почетокот на мечот пред соблекувалната му било соопштено дека воопшто нема да биде во конкуренција за натпреварот со Рома.
Солари порача дека Иско имал вишок килограми и дека не е спремен за игра, а фудбалерот возврати со фотографија на Инстаграм каде го покажа своето тело и дека е во добра форма.
Во шпанските медиуми кружат информации веќе некое време дека Иско ќе го напушти клубот во јануари, а Марка утрово објави дека веќе во клубот пристигнале првите понуди.
Наводно понуди пристигнале од три клуба, Челси, Арсенал и Тотенхем, но не се познати износите. Сега е на потег претседателот Перез, кој ќе одлучи дали да го пушти Иско.