Петарда за Закакиу – Два погодоци на Иван Тричковски во осмата победа по ред на Ларнака


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Фудбалерите на АЕК Ларнака славеа со 2:5 на гости против Закакиу во натпревар од осмото коло од кипарската лига.

    Алвес после дванаесет минути игра погоди за водство на АЕК Ларнака. Две минути подоцна македонскиот фудбалер, Иван Тричковски ја зголеми предноста на гостите. Алвес во вториот дел го постигна вториот погодок на натпреварот, трет за Ларнака. Неколку минути подоцна Иван Тричковски по четврти пат ја затресе мрежата на домашните, втор негов погодок на денешниот натпревар. Конечните 2:5 ги постави Акоран три минути пред крајот на натпреварот.

    Иван Тричковски постигна два погодоци на овој натпревар и одигра 74 минути. Даниел Мојсов ги одигра сите 90 минути.