Петарда за изгубениот Евертон на Стемфорд Бриџ – Конте и Челси нови лидери во ПЛ


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Фудбалерите на Челси славеа со 5:0 на Стемфорд Бриџ против Евертон во натпревар од 11-то коло од ПЛ.

    После дваесет минути игра сините имаа водство од 2:0. Еден Азар и Маркос Алонсо во период од една минута ја затресија мрежата на Евертон. Нигериецот Виктор Мозес немаше среќа бидејќи ја погоди стативата. Три минути пред крајот на првото полувреме Диего Коста го постигна третиот погодок за Челси на натпреварот. Резултатот на полувреме беше 3:0. Белгиецот Азар го постигна вториот погодок во второто полувреме за водство на сините од 4:0. Голманот на Евертон, Стекеленбург лесно го скроти шутот на Диего Коста. Холандскиот голман потоа му одбрани зицер на Азар, но топката се одби до Педро кој погоди за 5:0. Десет минути пред крајот на натпреварот Давид Луиз шутираше, а Стекеленбург спречи по шести пат да ја извади топката од мрежата. Избраниците на Антонио Конте славеа со 5:0.

    Челси после денешната победа се искачи на врвот на табелата во Премиер Лигата и има еден бод предност пред Манчестер Сити кој денес ремизираше против Мидлзбро на Етихад.