Пет играчи на листата на засилувања на Барселона


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    На почетокот на наредната година почнува јануарскиот преоден рок, и се повеќе се шпекулира околу можните нови трансфери.

    Барселона е повторно во центарот на спортската јавност бидејќи се очекува дека на Ноу Камп во оваа зима ќе стигнат неколку засилувања.

    Познато е дека каталонскиот клуб има намера да ја засили дефанзивната линија, но не е исклучено да доведат засилување и на останатите позиции.

    Шпанските медиуми пренесоа денеска дека на листата на желби на Барселона се наоѓаат пет играчи, и барем еден од нив ќе стигне во овој клуб во јануари.

    Прв на листата е десниот бек на Арсенал, Хектор Бељерин, за кој Луис Енрике верува дека совршено ќе се вклопи во играта на Барселона.

    На листата се наоѓа и Марио Гаспар кој моментално игра во Виљареал, како и играчот на Монако Фабињо.

    Веќе неколку сезони на мета на каталонската екипа е и Маркињос, а така и во оваа зима.

    Барселона во јануари ќе проба да го доведе и играчот на Реал Сосиедад, Микел Ојарзабал.