Планот на Барса: Првиот бек стигнува на зима, во замена го испраќаат отпишаниот!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Каталонците смислија идеален план, само уште да им помине.

    Барселона го одреди својот приоритер на позиција десен бек и го смислија најдобриот можен план за реализација на трансфер.

    Дефанзивецот на Валенсија Жоао Кансело е прва мета на Барселона која веќе во јануари ќе проба да го доведе во своите редови.

    Како што пренесува добро информираниот Мундо Депортиво, Каталонците повторно имаат интересна понуда за Валенсија со цел веќе на зима да го реализираат овој трансфер.

    Имено, Барса е спремна во склоп на трансферот во спротивен правец да го испрати Алеиш Видал кого Луис Енрике го отпиша.

    Видал истотака е офанзивен, може да игра и на крило во формација 4-2-3-1, на местото на кое играше и Кансело, додека Мартин Монтоја му го чуваше грбот.

    Добра работа за Барса е што Кансело може да настапува и во Лигата на шампионите поради тоа што Валенсија не игра во Европа во оваа сезона, а Каталонците ќе пробаат да ги искористат добрите односи со Хорхе Мендеш кој во летото го доведе и Андре Гомеш на Ноу Камп.

    Причина повеќе да се верува дека ќе дојде до реализација на овој трансфер е и фактот дека Барса и Валенсија во летото склопија два трансфери – Мартин Монтоја премина на Местаља, додека Пако Алкасер и Мунир Ал Хадади ги заменија местата.

    Кансело во Валенсија стигна за 15 милиони евра, а договорот му истекува во 2021 година.