До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Филипе Кутињо стигна во Ливерпул во јануари 2013 година од Интер и по многумина е моментално еден од најзаслужните што Ливерпул во оваа сезона го дели врвот и одат на титула.
Во првите десет натпревари од Премиер лигата има четири голови и четири асистенции, но видливо е дека во 24-годишниот Бразилец има уште многу резерва.
„Филипе е Бразилец, а како и поголем број на бразилски фудбалери, има некоја посебна магија во нозете. Сепак, покрај тоа е работлив, а тоа што е најважно е скромен и одличен дечко“, рече менаџерот на Тотенхем Маурицио Покетино, кој работеше со Кутињо кратко време во Еспањол во 2012 година.
Неговиот сегашен тренер Јирген Клоп е полн со пофални за Бразилецот.
„Тој има само 24 години, а работи неверојатно. Тоа е вистина и тоа е така. Не може секогаш да биде гениј, тој е вистиски фудбалер“, рече Клоп.
Кутињо во англиското првенство создава повеќе шанси од Месут Озил, Еден Азар и Алексис Санчез, а во однос на споменатите играчи има и повеќе добиени дуели и одземени топки.
Вистински е „all round“ играч да речеме од Кевин Де Брујн има една асистенција повеќе, но затоа не е ни блиску кога се во прашање точните удари, успешните дриблинзи, допири со топката и генерално одбраните задачи. Азар не креира толку шанси, а Кристијан Ериксен има две топки повеќе одземено, но не постигнал ниту еден гол.
Го пофалува и Луис Суарез кој истакнува дека „ ја прави разликата во Ливерпул“ а легендарниот Стивен Џерард го истакнува како ‘next big thing’.















