Повреди ги уништија азурите – Ќе дебитира херојот на Милан


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Два луди дена за најдобриот стрелец во Серија Б минатата сезона.

    Црн понеделник за азурите.

    Џампиеро Вентура го објави списокот минатата недела на повикани фудбалери за претстојниот квалификациски натпревари против Лихтенштајн и пријателскиот натпревар против Германија, но денес го измени. Причината беа повредите поради кои мораше да повика уште четири фудбалери.

    Прво отпадна искусниот Барзаљи кој го повреди рамото и надвор од теренот ќе биде два месеци, а после дополнителните медицински прегледи беше утврдено дека и Маркисио нема да може да игра. Наместо нив двајца дополнително беа повикани Давиде Астори од Фиорентина, Армандо Изо од Џенова и Роберто Гаљиардини од Аталанта.

    Сепак тука не беше крајот на маките на Вентура бидејќи прегледи покажаа и потврда на Габиадини. Наместо напаѓачот на Наполи повик доби Џанлука Лападула кој вчера го постигна првенецот во дресот на Милан против Палермо за победа.