До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Манчестер Јунајтед се наоѓа во големи проблеми пред дербито со Арсенал.
Жозе Мурињо ќе има тешка задача да го склопи најдобриот можен тим во дербито со Арсенал.
Во текот на репрезентативната пауза, Мурињо остана без Смолинг и Фелаини, додека од порано надвор од тимот се Бејли и Валенсија.
Лук Шо е под големо знак прашање поради повреда која ја влече уште од пред дуелот со Свонси, додека Златан Ибрахимовиќ е суспендиран.
Го знаеме Мурињо, тој во дерби дуел не се отвора премногу, дури и кога игра на Олд Трафорд, па така и сега може да се очекува сличен состав како што тоа беше случајот во дербита со Челси, Ливерпул и Манчестер Сити, со тоа што мора да најде замени за отсутните.
Мурињо без одбранбена линија Валенсија, Бејли, Смолинг, Шо, ќе мора да бира најверојатно меѓу четворицата – Дармијан, Џонс, Блинд, Рохо.
Покрај Пол Погба, последен играч за врска може да игра Андер Ерера или можеби и Керик, а Погба да биде најистурен, позади напаѓачот. Мата и Рашфорд по страните, а капитенот Руни во нападот.
Во овој момент, англиските медиуми најавуваат ваков состав на Манчестер Јунајтед, што вие мислите?















