Повторно лотото се падна во Шпанија – Новиот среќен добитник Леонеса


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Фудбалерите на Реал Мадрид во купот на кралот славеа со убедливи 1:7 на гости против Леонеса.

    Мрежата на домашните почна да се тресе од шестата минута кога Зуиверлон постигна автогол. Марко Асенсио во 32-ра минута погоди водство од два погодоци на кралскиот клуб. На стартот на вториот дел Мората ја затресе мрежата на Леонеса. Младиот Асенсио го постигна вториот погодок на натпреварот, четврт за Реал во 53-та минута. Три минути подоцна Алваро Мората по втор пат се запиша во листата на стрелци, 0:5. Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо зголеми на 0:6. Резервата Бенха ги направи домашните навивачи најсреќни во 84-та минута кога го постигна единствениот погодок за Леонеса на овој натпревар. Диаз кој влезе од клупата за резерви ги постави конечните во 92-ра минута, 1:7.

    Кралскиот клуб може да се каже дека се пласира понатаму, а исто така и се падна „лото“. Новиот добитник беше домашниот тим Леонеса, а пред тоа Гранада беше таа која го доби лотото, но од Атлетико Мадрид.