До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед во неделата славеа на гостувањето против Свонси со 3:1.
Два гола за Црвените ѓаволи постигна Златан Ибрахимовиќ, додека еден даде Пол Погба.
Двајцата во ова лето стигнаа на Олд Трафорд, но се доста оспорувани во последно време поради нешто лошите игри.
Сепак, Ибрахимовиќ и Погба во неделата покажаа дека се важен дел од екипата на Жозе Мурињо, а францускиот фудбалер после мечот појасни зошто Ибрахимовиќ е потребен на Манчестер Јунајтед.
„Златан игра за целиот тим и сака да победува во секој меч. Среќен сум што славевме и што баш тој даде два гола. Тој нас ни ја дава потребната самодоверба и по мое мислење е еден од најважните фактори во нашиот тим. Сите играме за тимот и тоа е сега најважно“, рече Погба.















