Погба не се врати во Торино со празни раце, за сите имаше по еден скапоцен подарок


    Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


    Францускиот репрезентативец Пол Погба, кој оваа сезона се врати во Манчестер Јунајтед за 105 милиони евра и со тоа стана најскап фудбалер на светот, вчера го искористи слободниот ден и се врати за кратко време во Торино.

    Како што јавуваат италијансите медиуми, тој го посетил тренинг кампот на Јувентус и на сите им подарил скап часовник.

    Интересно, Погба откако си замина од Јувентус не успеа да го испразни своето шкафче во соблекувалната. Поради тоа, на неговата сметка Партис Евра се шегуваше на социјалната мрежа „Твитер“.

    Погба на сите играчи и на сите луѓе од тренерскиот персонал им подарил по еден часовник од брендираната фирма „Rolex“.

    Погба во Јувентус помина четири сезони, одигра 178 натпревари во сите натпреварувања и постигна 34 гола.