До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалерите на Арсенал и Тотенхем ремизираа денеска (1:1) во мечот од 11 коло од Премиер лигата.
Домаќините поведоа во 42 минута од дуелот кога автогол постигна Вимер, а гостите израмнија во 51 минута кога од белата точка погоди Кејн. Тренерот на Тотенхем Маурицио Покетино испиша историја во ова реми бидејќи стана прв тренер на оваа екипа кој не е поразен на првите пет меча против Арсенал.
Покетино после мечот порача дека е многу задоволен со овој бод.
„Можам да бидам многу среќен како одигравме. Арсенал е во одлична форма, но моите играчи заслужија пофалби, беа одлични. Покажавме карактер“, рече Покетино после мечот.















