Поранешен тренер на Спарси и Вила откри – Фудбалер на Јунајтед преминува во Сити!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Гостувајќи во една емисија, Тим Шервуд изјави дека на повидок е сензационален премин од црвениот во синиот дел на Манчестер!

    Поранешниот фудбалер и тренер на Тотенхем Тим Шервуд моментално нема ангажман, и слободното време го користи да гостува по разни емисии и фудбалски теми, ширум „островот“.

    Неодамна во текот на една емисија откри и кого Пеп Гвардиола може да го ангажира веќе во јануарскиот преоден рок и тоа од редовите на Манчестер Јунајтед.

    Тој наводно смета дека ни Фернандињо ни Фернандо го немаат потребниот квалитет, и верува дека искусниот играч за врска од редовите на Ѓаволите, може да биде решение на позиција последен играч за врска во редовите на Граѓаните.

    Имено, Шервуд верува дека Сити во наредниот рок може да проба да го ангажира искусниот Мајк Керик.

    Керик е во немилост кај Жозе Мурињо, иако се веруваше дека ќе добие шанса бидејќи парафираше нов договор со клубот дури после што е обелоденето дека поранешниот тренер на Челси ќе го преземе Јунајтед.

    Сепак, Португалецот неуште не му даде шанса, предност добива Маруан Фелаини.

    Поранешниот играч на Евертон е неизоставен од стартните 11, Мурињо го користи со Погба и Ерера во средниот дел на средината на теренот, па тешко е да се поверува дека за 35-годишниот Керик простор некогаш и ќе се отвори.

    Шервуд верува дека е идеално решение како за самиот фудбалер, така и за Сити, дека Граѓаните ќе го ангажираат веќе во наредиот рок.