До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Мадс Тим, некогашниот соиграч на Кристијано Риналдо во Манчестер Јунајтед, рече дека Португалецот со однесувањето потсетува на 12-годишен.
Тим помина шест години на Олд Трафорд од 2000 година, но одигра само еден официјален меч за клубот.
„Роналдо воопшто не гледа на тимот. Додека бев во Јунајтед беше само „јас, јас, јас“.
Денеска, после толку успех, тој ќе се налути кога некој од неговите соиграчи ќе постигне гол. Монтално ме потсетува на 12-годишен. Мислам дека него не го интересираат што луѓето мислат за него, затоа е и толку успешен во професионалната кариера“, напиша Тим во автобиографијата.
Тој сепак додаде дека Португалецот е голем професионалец.
„Беше секогаш концетриран и иамше огромна верба во своите можности. Тоа и се покажуваше на теренот“.















