Потврдено: Драксер го напушта Волфсбург, агентот му најде клуб


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Талентираниот германски играч за врска Хулијан Дракслер дефинитивно заминува од Волфсбург.

    Дракслер во текот на летото се поврзуваше со Арсенал, ПСЖ и Јувентус, а неговиот агент откри денеска ќе ја напушти Бундеслигата.

    Тој на крајот на сезоната ќе го напушти Волфсбург. Со драга воља ќе дојде во Јувентус, но ќе видиме дали Алегри го сака во тимот. Мислам дека Јуве уште може да потроши достса пари бидејќи вго продаде Погба во Јунајтед за голема сума“, рече Фабио Париси, агент на играчот, за Мирор.

    Сепак, Јуве има одлични играчи на таа позиција, па пореално е овој играч на крајот да заврши во ПСЖ или Арсенал, но останува уштре доста до летниот преоден рок.

    Дваесет и три годишниот Дракслер пред Волфсбург неколку сезони играше за Шалке, а за репрезентацијата на Германија играше 27 натпревари и постигна три гола.