Потег на деценијата на Милан – Нов договор за Донарума и плата од 3 милиони евра


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Се чека суперталентираниот голман да стане полнолетен за да добие договор и 18 пати поголема плата.

    Најталентираниот голман во Европа, Џанлуиџи Донарума ќе го продолжи договорот со Милан до 2022-ра година и ќе добие скоро 19 пати поголема плата од сегашната.

    Донарума наместо 160.000 евра ќе заработува три милиони по сезона.

    На овој 17-годишен голман договорот му истекува на крајот на сезоната, гигантите застнаа во редот за неговиот потпис, но росонерите сакаат да го блиндираат кога ќе стане полнолетен.

    Неговиот менаџер, Мино Раиола откри дека Јувентус го означил Донарума за наследник на Буфон, а и Челси долго време го следи.

    Донарума дебитираше со 16 години во Серија А кога шанса му даде тогашниот тренер, Синиша Михајловиќ.