Прандели: „Наполи е на исто ниво како и Јувентус“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


 

 

Чезаре Прандели верува дека тимот на Наполи, ќе ја започне сезоната во Италијанскта „Сериа А“ на исто ниво како и тимот на Јувентус.

За една недела ќе започне „Фудбалското лудило“ и во Италија откако синоќа беше отворена новата сезона во Премиер Лигата.

„Уверен сум дека Наполи ќе ја започне сезоната на исто ниво како и Јуве, бидејќи успеаја да ги задржат своите најдобри фудбалери во клубот“. – изјави Прандели, кој потоа беше запрашан за дресот со број 10 кој го носеше своевремено Марадона.

„Не, ако бев јас Лоренцо Инсиње, ќе си го носев бројот 24. Марадона е светост и е најдобро неговиот дрес да си остане во витрините“ – заврши Прандели.